Рашфорд како мал бил многу сиромашно дете, тој и кога стана ѕвезда и почна да заработува милион, никогаш не го заборави своето минато, напротив ја искористи популарноста за да им помогне на милиони британски деца да добиваат храна платена од државата.
„Сите добри работи кои се случија оваа година дојдоа од тоа што Манчестер јунајтед ми даде шанса кога бев дете“, вели Рашфорд.
„Не се сеќавам само на последната година или последните пет години, зборувам за времето кога никој во мојата фамилија не возеше и требаше да одам на тренинг, Јунајтед имаше луѓе кои доаѓаа, ме носеа на тренинг и ме враќаа дома“.
„Кога имав шест, седум осум години, зборувам за тоа време, кога тие се грижеа за мене кога мајка ми се мачеше дома, и тоа траеше до 16-17 години, мојата приказна со Манчестер јунајтед е многу подлабока отколку што некои луѓе мислат“.
„Мислам дека луѓето ги знаат работите само откако сум во првиот тим, но врската моја со Манчестер јунајтед е многу поголема отколку само во последните пет години и таа ќе остане засекогаш голема до крајот на мојата кариера“.
„Тие се причината поради која станав фудбалер, тие ми дадоа шанса да се искажам и открија дека имам талент за фудбал“.
„Никогаш не сум погледнал подалеку од Манчестер јунајтед. Како дете никогаш не сум се замислил како играм за друг клуб, никогаш не сум помислил дека треба да облечам друг дрес“.
„Сакам само да го дадам најдоброто што можам за клубот додека сум тука, и се надевам дека уште многу долго ќе бидам тука“.