114
Клаудио Раниери веќе нема да ја извршува функцијата на советник во Рома, тој замина од клубот по расправија со актуелниот тренер, Џан Пјеро Гасперини.
Рома одлучи да му даде поддршка на Гасперини, а тоа значеше заминување на Раниери.
„Ние веруваме дека нашиот проект треба да биде воден од Џан Пјеро Гасперини“, потврди Рома.
Раниери минатата сезона беше тренер на Рома, а потоа доби функција како советник во клубот. Но по неполна година заминува од клубот.