Фудбалерите на Рома загубија од АЗ Алкмар (1-0) во седмото коло на Лигата на Европа. Холанѓаните стигнаа до победата со гол во 80 минута преку Трој Парот, а дојде по добр изградена акција.
АЗ тргна од својата половина со аут, па со серија брзи додавања се дојде во гол-шанса, но мора да се посочи и дека гостинските фудбалери во дефанзива беа лошо поставени. По дуелот критики за тоа даде Клаудио Раниери.
„Неверојатно е дека примивме таков гол. Штета е што примивме, акцијата тргна со уфрлување од аут и тоа е едноставно неверојатно. За жал, се случува, иако не би смеело. Реков дека мора да бидеме внимателни против АЗ бидејќи се брзи во контра, не смееја да не добијат низ транзиција. На крајот шест играчи на противникот дотрчаа во нашиот шеснаесетник. Такви голови Рома прима премногу, особено тоа се случуваше кога игравме дома. Не сме доволно подмолни, интелигентни ниту остроумни, па правиме неверојатни грешки“, изјави Раниери.
Рома досега има само девет бода и се наоѓа на 21 место и во последното коло против Ајнтрахт Франкфурт ќе игра за пласман во плеј-офот.