Раниери: Ова е тажно, веднаш се присетив на титулата со Лестер…

by
1 минути читање

Клаудио Раниери
вели дека титулата на Лестер во Премиерлигата е првото нешто на кое помислил
откако ја дознал веста за формирањето на Европската Супер Лига, а се надева
дека УЕФА и ФИФА ќе истраат во битката да го стопираат тоа натпреварување.

Ова е многу
тажно за мене, Суперлигата е лоша идеја
“ рече италијанскиот фудбалски стратег
од клупата на Сампдорија во пресрет на мечот со Кротоне.

Приказната на
Лестер беше толку посебна, а ние ги гасиме тие приказни со сево ова, не се
работи само за фудбалот во овој случај, убаво се сеќавам на чувството како
Индијци и Англичани ја славеа титулата на Лестер заедно
“ додаде Раниери.

Тоа достигнување
со Лестер беше првото нешто на кое се присетив кога ја дознав веста за
Суперлигата, тоа е фудбалот, кога помалиот може да го победи поголемиот, тоа е чувството
на овој спорт, тоа што се обидуваат да го сторат е тотално погрешно, можеби ќе
ги покријат своите долгови со ова? Тоа не е фер за фудбалот во генерална
основа, се надевам дека УЕФА ќе успее да ги сопре
“ заклучи Раниери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×