101
Клаудио Раниери потврди дека потрагата на Рома по негов наследник е завршена, раководството наскоро ќе го објави неговото име.
Раниери и дефинитивно заминува во пензија, Рома од следната сезона ќе има нов тренер, неговото име уште не е познато, а тој е договорен.
„Новиот тренер? Брат ми ми се јави и ми рече: „Кажи ми само мене? Сите ме прашуваат!“. И јас му реков: „Затоа не ти кажувам, дека може да се рашири““, вели Раниери на прашање за кој ќе биде новиот тренер.
„Направен е договор со новиот тренер. Претседателот ќе одлучи кога ќе го објави“.