Раниери: Манчини отвори ново поглавје, Италија наликува на перфектен оркестар

by
1 минути читање

Клаудио Раниери
смета дека Италија на Роберто Манчини игра како клуб, откако „Аѕурите“ запишаа
две победи на стартот од воведните две кола на Европското првенство, паднаа
Турција и Швајцарија, и обете со по 3-0.

Можеби
противниците не се целосна слика, меѓутоа факт е дека Италијанците делуваат
моќно, за што уверуваат и зборовите на Раниери, кој „Аѕурите“ ги опиша како
еден перфектен оркестар.

Италија игра
како клуб, едноставно така наликува, тоа се повтори и против Турција
“ рече
Раниери.

Дриблање,
пресинг, трчање, постојан континуитет во играта, ова навистина е национален тим
кој игра како клуб, а сето тоа уште повеќе ја подобрува работата на Роберто
Манчини
“ додава тој.

Досега, сево ова
мене лично ми наликува на еден перфектен оркестар, шест гола постигнати, а ниту
еден примено досега, целосна доминација над противникот, Манчини отвори ново
поглавје со Италија, мораме да продолжиме да го следиме
“ нагласи Раниери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×