Раниери: Квајарела е нашиот Ибрахимовиќ

by
1 минути читање

Годините се само
бројка за Фабио Квајарела, кој со десет погодоци сезонава е прв стрелец за
Сампдорија, екипа која со 36 освоени бодови досега по 29 одиграни меча е во
сигурната зона во Серија А на десетата позиција на табелата.

Сампдорија одигра
реми со резултат 1-1 на гостувањето кај Милан изминатиов викенд, а токму Квајарела
го постигна водечкиот гол за гостите, а тренерот на таа екипа, Клаудио Раниери смета
дека Квајарела за клубот е Златан Ибрахимовиќ.

Сметам дека тој
е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, еден неверојатен фудбалер, вистински
капитен
“ рече Раниери.

Пред мечот со
Милан ме прашаа за Златан Ибрахимовиќ, им реков дека и ние си имаме свој Ибра
во тимот, а тој го потврди тоа на самиот натпревар
“ додаде искусниот
италијански фудбалски стратег.

Квајарела од 2016
година па наваму игра за Сампдорија, а досега на 178 настапи успеа да постигне
фантастичен учинок од 80 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани