158
Во Франција
известуваат дека тамошниот првак Лил во новата сезона од клупата би можел да
биде предводен од италијанскиот фудбалски стратег, Клаудио Раниери.
„Л’Екип“ и „Франс Фудбал“ тврдат дека
поранешниот тренер на Рома, Интер, Јувентус, Парма, Фиорентина, Наполи и
Каљари, би можел да се врати во „Лиг 1“ каде претходно беше тренер на Монако и
Нант.
Раниери и помогна
на Сампдорија да заврши на деветото место во Серија А изминатата сезона,
меѓутоа одлучи на крајот да се раздели со таа екипа, објаснувајќи дека не
постоеле вистински услови за соработката да продолжи.