Раниери го пофали Мурињо и откри еден пријателски детал за Португалецот

by
1 минути читање

Престојниот викенд Манчестер јунајтед го пречекува Фулам, Мурињо и Раниери ќе имаат нова средба.

Тие двајца имаа вербални војни кога едниот беше тренер на Интер а другиот ја водеше Рома. Тогаш Жозе го нарече Клаудио вечно втор бидејќи и покрај годините кои ги имаше, немаше освоено голем трофеј.

BetAdria.com: Манчестер јунајтед – Фулам: 1.34 5.40 9.60

Но работите се променија кога Раниери ја освои титулата со Лестер. Мурињо му симна капа на Италијанецот кој сега открива дека 

Жозе прв му посакал добредојде кога тој беше назначен за нов тренер на Фулам.

„Жозе е фантастичен човек, тој беше првиот кој ми прати порака и ми рече „Добредојде“, откри Раниери.

„Тој е многу пријателски човек. Го познавам долго време, откога дојде во Челси. Со мене се однесуваше многу културно во секој момент“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани