Раниери го „почасти“ Бенитез со пет гола на Гудисон Парк (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Раниери кариерата во Ватфорд ја почна со пет примени гола од Ливерпул, но дененска исто толку му даде на другиот клуб од овој град и тоа на негов терен.

Евертон добро го почна мечот, Дејвис уште во третата минута донесе водство на домаќите, а Кинг десет минути подоцна израмни на 1-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.

Во 63. минута Ришарлисон даде гол и го врати водството на Еевертон, но во финишот од мечот се случи шок каков што никој не очекуваше.

Од 78. до 91. минута Ватфорд постигна четири гола за убедлива победа од 5-2. Кинг даде уште два за негов хет-трик, а по еднаш погодија Куцка и Денис.

Во другите мечеви од 16 часот, Кристал Палас и Њукасл одиграа 1-1, со ист резултат заврши и мечот меѓу Лидс и Вулвс, Саутемптон и Барнлии одиграа 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани