177
Шефот на
струлниот штаб на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник наводно веќе разговарал со
таткото на Ерлинг Халанд, Алф-Инге со тоа што клубот од „Олд Трафорд“ притиска
за ангажман на напаѓачот на Борусија Дортмунд.
Веста ја пренесе „Манчестер
Ивнинг Њуз“ со тоа што од таму додадоа дека Рангник и Алф-Инге, кој инаку е
поранешен член на Манчестер Сити, имаат одличен однос од кој најмногу бенефит
би извлекол Манчестер јунајтед во оваа ситуација.
Халанд има
откупна клаузула во висина од 68 милиони фунти која ќе биде активна идното
лето, а во игра за потписот на 21 годишниот напаѓач сериозно се споменува и
Реал Мадрид.