Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник смета дека помошта од спортскиот психолог е можеби решение за актуелната состојба со неговиот тим, по
очајната игра која ја прикажуваат неговите избраници веќе извесен период, игра
која не носи резултати.
Рангник посакува
да се врати самодовербата кај неговите фудбалери, а решение за тоа навидум
гледа во помош од страна на спортскиот психолог, за што наводно го контактирал Саша
Ленсе, барајќи помош од него за изнаоѓање решение.
Ленс беше
соработник на Рангник во Лајпциг, имаат одлична соработка, па останува времето
да покаже колку сево ова би му помогнало на Манчестер јунајтед.
Во моментов по
одиграни 24 меча, Манчестер јунајтед се наоѓа на петото место на табелата во
Премиерлигата, со бод заостанување зад Вест Хем кој има меч повеќе, а со бод
предност од Арсенал кој пак има два меча помалку.