220
Мејсон Гринвуд во
неделата беше уапсен под сомнение за силување и напад откако неговата девојка
на социјалните мрежи се пожали дека била жртва на насилство. Откако помина
неколку денови во притвор и беше испрашуван од инспектори, младиот напаѓач синоќа
излезе на слобода со кауција.
„Очигледно ова
беше една од темите на кои разговараа фудбалерите“ – вели Ралф Рангик. „Тие се
само луѓе, Мејсон беше дел од тимот пред да ја имаме паузата“.
„Но трениравме
добро и без проблеми, одработивме пет тренинг сесии доколку ја броиме и
денешната. Со нетрпение го чекаме утрешниот натпревар против Мидлзбро во ФА
Купот“.