Рангник: Изненаден сум од фудбалерите

by
1 минути читање

Рангник со победа од 1-0 над Кристал Палас дебитираше на клупата на Манчестер јунајтед.

„Повеќе од среќен сум. Пред се најважно е што победивме. Второ, не примивме гол, трето нема сомнеж дека заслуживме да победиме бидејќи го контролиравме мечот“, вели Рангник.

„Првиот половина час беше неверојатен. Мислам дека тоа беше екстремно високо темпо, висок интензитет, секогаш напред. Единствена работа која недостасуваше во првото полувреме беше да постигнеме еден или два, ако не и три гола“.

„Но, јасно е дека не можеме да играме на исто ниво 90 минути со таков интензитет. Повеќе од среќен сум поради ова издание“.

„Да бидам искрен, позитивно изненаден сум од физичката состојба, интензитет и перформанс на фудбалерите. Не очекував дека ќе играме така по еден и пол тренинг заедно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×