Рангник го „подбра“ судијата по елиминацијата на Јунајтед: Не виде фаул, дозволи фудбалерите на Атлетико да лежат…

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ го
завршија настапот во Лигата на шампиони, вечерва беа поразени со 0-1 на Олд
Трафорд во реваншот против Атлетико Мадрид и доживеаја елиминација од најелитното
европско натпреварување.

Голот падна кон
финишот на првиот дел, Манчестер јунајтед очекуваше прекршок над Еланга,
судијата не досуди ништо, гостите тргнаа во напад и Лоди ја затресе мрежата за
0-1.

„Мислам дека
одигравме добро во првото полувреме. Сите работи што планиравме да ги сториме
ги сторивме, едноставно не ја претворивме добрата игра во гол. И кога играте
против тим како Атлетико, многу е важно да го постигнете првиот гол. Уште
поважно е да не примите гол, а ние примивме точно пред полувремето“
– вели Ралф
Рангник.

„Мислам дека
имаше прекршок над Еланга, но судијата и помошникот не сметаа така“.

„Во второто
полувреме беше тешко, играта беше прекинувана на секој 2-3 минути, постојано
некој лежеше на тревата“.

„Имаше некој
чудни одлуки на судијата, тој премногу лесно падна во замката на Атлетико и тоа
што намерно задржуваа време“.

„Беше смешно тоа
што покажа само четири минути продолжување“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×