Рангник ги оцени таквите пишувања како глупости, тој вели дека капитенската лента никогаш не била проблем и Хари Мегваер ќе остане капитен до крајот на сезоната.
„Според мене тоа е апсолутна глупост“, вели Рангник на прашањето да ја прокоментира веста на „Мирор“.
„Никогаш не сум зборувал со ниту еден играч за можно менување на капитенската лента и Хари Мегваер е свесен за тоа, исто како и Кристијано Роналдо и сите други фудбалери. Ова никогаш не било прашање за мене“.
„Јас сум тој кој одлучува кој ќе биде капитен и мислам дека нема никаква причина да зборувам за тоа со било кој друг човек. Хари Мегваер е наш капитен и ќе остане наш капитен до крајот на сезоната. Немам што друго да кажам за ова“.