Рангник: Ако Марсијал сака да си оди, нека дојде да ми каже во лице

by
1 минути читање

Агентот на Марсијал, Филипе Ламболеј, преку англиските медиуми кажа дека францускиот фудбалер не е задоволен од неговиот статус во Манчестер јунајтед и сака да си оди во јануари.

Рангник вели дека нема намера да одговара на изјавите на агентот дадени во медиуми, според него ако фудбалерот навистина сака да си оди, треба да му го каже тоа директно на него или на клубот.

„Не комуницирам со агенти преку медиуми. Фудбалерот не зборувал со мене или со клубот за тоа. И да бидам искрен, што зборува неговиот агент преку медиумите не ме интересира“, вели Рангник.

„Нема да зборувам со фудбалерот за тоа бидејќи во тој случај јас би реагирал на тоа што го рекол неговиот агент. Ако фудбалерот навистина сака да оди во друг клуб, треба да ми каже мене во лице или да му каже на клубот’.

„Јас никогаш не зборувам за фудбалер преку медиуми или агенти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×