Рамос: Никој не може да биде суден според датумот на раѓање

by
1 минути читање

Реал Мадрид со 3-1 ја победи Аталанта и со вкупни 4-1 се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Серхио Рамос постигна гол од пенал.

„Ние излеговме со амбиција да го добиеме натпреварот, да ја контролираме топката, да го контролираме мечот. Имавме шанси да постигнеме и повеќе голови. Целта ја остваривиме“, вели Рамос.

Реал Мадрид не сака да му даде подолг договор на Рамос поради неговата возраст, а тој имаше што да каже за ова.

„Кога се грижите за себе со години, тогаш ќе жнеете што ќе посеете. Никој не може да биде суден според датумот на раѓање. Ние секогаш се обидуваме да играме на највисоко ниво и луѓето треба да вреднуваат според перформансите. Не можам да кажам ништо за продолжување на договорот. Кога ќе има нешто да се каже, прв ќе го направам тоа“, вели Рамос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани