Рамос: Нејмар ме убеди да потпишам за ПСЖ, тој долги години ми е пријател и покрај тоа што јас играв за Реал, а тој за Барса

by
1 минути читање

Серхио Рамос ги почна подготовките со ПСЖ, почна да се адаптира на новата средина.

Запрашан дали пред да потпише со ПСЖ зборувал со Нејмар, Рамос рече: „Со Нејмар зборуваме шест или седум години. И покрај фактот што тој играше за Барса а јас за Мадрид, ние имавме исклучително добро пријателство. Ова се однесува и за Ди Марија и Кејлор Навас со кои останав пријател откако си заминаа од Мадрид. Нејмар ме увери да потпишам за ПСЖ. Пред да потпишете за нов клуб, секогаш е од помош да зборувате со неколку играчи. А Леонардо и Ал Келаифи ме уверија на нивни сопствен начин“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×