482
Серхио Рамос ги одработува последните месеи од договорот со Реал Мадрид, преговорите тапкаат во место па често се пишува за негово заминување.
Во гостувањето кај стримерот Ибаи Љанос, тој беше запрашан за можноста да го облече дресот на Барселона.
„Го познавам Жоан Лапорта, ми се допаѓа како личност, но нема шанси. Дури и да ми понудат 50 милиони евра годишно… не би прифатил да играм во Барса ниту за 70 милиони евра годишно. Некои работи не се купуваат со пари! Невозможно е да играм за Барса“ – вели капитенот на Реал Мадрид.