Серхио Рамос вели
дека Килијан Мбапе ќе мора да помине низ Реал Мадрид еден ден во својата
кариера, меѓутоа, Шпанецот истовремено се надева и дека младиот напаѓач ќе
остане во ПСЖ за претстојната нова сезона.
„Секако, Реал
Мадрид е еден од најдобрите клубови во светот, на историско ниво, најдобар“
рече Рамос за „АС“ запрашан за тоа дали би го советувал Французинот да се
пресели во составот на „Кралевите“ во иднина.
„Според мене,
најдобрите фудбалери едноставно мораат да поминат низ тој клуб, но, засега јас
го посакувам Мбапе заедно со мене, во тимот каде јас настапувам, сакам да
победувам, а за тоа да се реализира потребни се најдобрите да бидат околу мене“
додаде Шпанецот.
„Никогаш не би му
дал совет на лична основа, би можел нешто да му споделам во однос на искуството
кое го поседувам, но тоа би го сторил приватно, а како фудбалер на ПСЖ,
посакувам тој да остане, сакам да играм со најдобрите, а Мбапе е еден од нив“
нагласи Рамос.