Рамос го преселија во ПСЖ, на Инстаграм почнал да го следи половина тим на „светците“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Серхио Рамос ги
одработува последните месеци од договорот со Реал Мадрид, долго време се водат
преговори но никако да пристигне абер дека двете страни си подале рака.

Ова остава
простор за многу шпекулации, а последните информации велат дека дефанзивецот се
сели во ПСЖ. Ваквите гласини не се базираат на некој добро упатен извор, туку
на активностите на Шпанецот на социјалните мрежи.

Пред некој ден,
Серхио Рамос стави „лајк“ на објавата за новиот договор на Нејмар, а почнал да
го следи и половина тим на „светците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×