Рамос го одбра бројот 93 во Монтереј, има посебна причина за тоа

by riste
2 минути читање

Легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал, Серхио Рамос стави потпис на договор со мексиканскиот клуб Монтереј.

Тој ноќеска и официјално беше промовиран во новиот клуб, го покажа дресот со бојот 93, бројот кој ќе го носи во Монтереј.

Причината поради која го одбра токму овој број е постигнатиот гол за Реал Мадрид во 93. минута во финалето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Со тој гол Реал Мадрид ја освои „Ла Децима“, десеттата титула европски шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани