Рамос е подготвен за деби, Покетино го има последниот збор

by
0 минути читање

Серхио Рамос би можел да дебитира за ПСЖ во сабота на натпреварот против Нант. Според „Л’Екип“, окружувањето на фудбалерот смета дека тој е подготвен за настап и од ден во ден се чувствува се подобро.

Иако тие се оптимисти, последниот збор го има тренерот Маурисио Покетино кој ќе одлучи дали ќе го игра Рамос и колку минути ќе му даде за почеток.

Рамос во ПСЖ дојде повреден, а неговата рехабилитација трае подолго отколку што се очекуваше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×