939
Новото засилување на ПСЖ, Серхио Рамос вети дека никогаш нема да прослави гол и победа против Реал Маддрид.
„Подготвен сум на се, знам дека еден ден може да заиграм против Реал Мадрид, знам што се може да донесе фудбалот. Мојата цел е да играм најдобро за ПСЖ, со моето искуство да му донесам нешто плус на тимот. Тука почнувам од нула“, вели Рамос.
„Реал Мадрид секогаш ќе биде во моето срце и тоа никој не може да го избрише. Тоа што нема да го направам против Реал Мадрид е следното: Никогаш нема да прославам гол против Реал, тој клуб ми е во срцето и имам почит кон фановите, и никогаш нема да прославам победа против Реал“.