172
Манчестер
јунајтед минатото лето потроши околу 120 милиони фунти на засилувања,
„ѓаволите“ ќе продолжат да инвестираат и во иднина, Ралф Рангник не очекува
големи засилувања во јануари, но се кројат планови за следното лето и покрај тоа што ќе пристигне нов тренер по крајот на сезоната.
Според пишувањата
на Сан, Германецот дал зелено светло за ангажман на Деклан Рајс од Вест Хем,
кој подолго време е на радарот на клубот од Олд Трафорд.
Вест Хем нема
лесно да се откаже од својата ѕвезда и Манчестер јунајтед ќе треба да го урне
сопствениот трансфер рекорд, се говори за зделка вредна околу 100 милиони фунти.