Раководството на Јувентус набрзина одржа состанок и донесе одлука за иднината на Пирло

by
1 минути читање

Утрово медиумите
од Италија пренесоа дека Андреа Пирло може да добие отказ по катастрофалниот
пораз од Милан по кој „бјанконерите“ ризикуваат да останат без настап во Лигата
на шампиони.

Попладнево,
раководството на Јувентус се сретнало и одржало состанок на кој било одлучено
Андреа Пирло сепак да остане на кормилото. Лидерите на „старата дама“ сметале
дека имаат премалку опции за нов тренер, а ситуацијата дополнително ја компликува и згуснатиот распоред.

Јувентус гостува
кај Сасуоло во среда, а три дена подоцна го пречекува Интер. На 19. мај се среќаваат
со Аталанта во финалето на Купот на Италија, а завршниот меч од сезоната го
имаат на 23. мај на гости кај Болоња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×