По шест години поминати во Барселона, Ракитиќ се врати во Севиља.
„Клубот направи важни чекори напред откако си заминав. Неверојатно е дека освоивме шест пати Лига Европа во последните 14 години, тоа е фантастично достигнување. Се надевам дека сега можеме да одиме и чекор понапред“, вели Ракитиќ.
„Тоа што имам слични чекоро како Марадона, како што е играњето за Севиља и Барселона, за мене е неверојатно“.
„Да бидам првиот капитен по Марадона на Севиља кој не е Шпанец за мене е навистина неверојатно“.
„Горд сум што сум капитен на овој клуб и имам чувство дека клубот има доверба во мене, луѓето од Севиља и фановите веруваат во мене. Неверојатно е што сум дел од историјата на овој клуб“.
„Марадона беше поинаков, тој можеше да покаже дека не само што го игра фудбалот туку и ужива во него, што е неверојатна инспирација за сите нас. Луѓето како Марадона секогаш ќе живеат“.