Рајс направи нешто што на никој досега не му успеало во Лигата на шампионите! (ФОТО)

by riste
2 минути читање

Ноќ за паметење на Деклан Рајс, со два прекрасни голови го „тресна“ Реал Мадрид, а се запиша и во историјата од Лигата на шампионите.

Статистиката вели дека Деклан Рајс е првиот фудбалер кој постигнал два гола од слободен удар во еден натпревар во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Тој стана и само петтиот играч кој постигнал два гола од слободен удар на меч од Лигата на шампионите, но останатите четворица тоа го направиле во групната фаза.

А тоа се Хаким Зијеш, Нејмар, Кристијано Роналдо и Ривалдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани