Мино Рајола е агент и на големиот талент Халанд за кој интерес има речиси од сите клубови, па не пропушти да го пофали.
„Халанд е како Златан Ибрахимовиќ кога имаше 20 години. Солшер е добар дечко, но тотално погреши кога рече дека Ерлинг е како Лукаку… би било подобро доколку Солшер смисли начин како да направи Погба да игра како шампион отколку да зборува за Халанд“, вели Рајола.
„Не можам да зборувам за откупната клаузула на Халанд. Гласините велат дека Реал Мадрид го сака? Тоа не ми е ново… но тој е многу среќен во Борусија Дортмунд. Ерлинг сака да ја освои Лигата на шампионите. Кога ќе си замине од клубот ќе биде за амбиција, а не за пари“.
„Сега не е момент да зборуваме за неговата иднина следното лето. Тој е фокусиран на Борусија Дортмунд и е среќен. Доколку еден ден одлучи да замина од таму, ќе ми се јави и ќе скроиме план“.
„Ерлинг е како сликата Минхенски врисок бидејќи ги плаши дефанзивците. Тој ми се јави откако беше изваден од игра во 85. минута, постигнал четири гола, и сакал да даде уште еден. Беше лут! Тој секогаш сака да биде најдобар“.