Адвокатот на
Бреша утрово се пожали дека Марио Балотели намерно доставува формални приговори
надвор од работното време, и откри дека напаѓачот го пријавил клубот за
неисполнување на обврските и побарал платата за март да му биде исплатена во
согласност со колективниот договор, односно во рок од 20 дена.
Мино Рајола брзо
одговори, застана во одбрана на својот клиент и изнесе сериозни обвинувања,
дека Марио Балотели ниту еднаш не бил тестиран на коронавирус.
„Грасини е адвокат
или портпарол на Бреша? Ми се чини дека сака да ги води рочиштата преку весници
а не во судница. Како и да е, вистината ќе излезе на виделина“ – вели Рајола.
„Ќе му кажам на
Марио следниот пат да му напише мејл на Грaсини во утринските часови. Но не е
тој виновен што пишува мејлви навечер. Бреша му дозволува да тренира сам само
во 19 часот. Па нормално е да им пише мејл кога ќе се врати дома од тренинг на
кој е дискриминиран“.
„Не знаев дека
нема земено плата за март, и ако тоа е така, фер е да си бара плата откако три
месеци не добил ништо. Би го прашал господинот Грaсини дали тој побарал од
своите клиенти да му платат за месец март…“
„Исто така, Бреша
ниту еднаш не го тестираше Марио на коронавирус. За да казнат еден фудбалер,
целиот тим го ставија во ризик“.
По оваа изјава,
на социјалните мрежи се огласи и Марио Балотели, кој напиша: „Сето ова е
вистина“.
Ваквиот развој на
настаните беше причина а инспектори од Фудбалската федерација на Италија веднаш
да ги посетат канцелариите на Бреша и да ја чешлаат медицинската документација.