Контроверзниот
фудбалски агент Мино Рајола планира да го направи својот клиент Ерлинг Халанд
првиот фудбалер во светот со неделна плата од 1 милион фунти, пишува „Мирор“
под насловот „Одвнатре во планот на Мино Рајола за Ерлинг Халанд да стане првиот фудбалер со неделна плата од 1 милион фунти“, или нешто повеќе од еден милион евра.
Доколку оваа теза
е точна, со тоа дефинитивно од игра отпаѓаат повеќе клубови кои беа
заинтересирани за услугите на 20 годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд, па
така „Мирор“ наведува дека само Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ би останале
во трката за неговиот потпис во една таква ситуација.
„Аукцијата“ за
потписот на Халанд веќе започна, а Рајола заедно со таткото на фудбалерот
Алф-Инге Халанд веќе остварија средби со челниците на Реал Мадрид и Барселона,
меѓутоа се верува дека обата шпански гиганти биле шокирани од високите барања
во преговорите.
Рајола смета дека
Халанд е најталентираниот фудбалер од оваа генерација фудбалери и не се сомнева
во тоа дека заслужува да биде првиот фудбалер со неделна плата од еден милион
фунти.
Се верува дека
клубовите од Премиерлигата, Манчестер Сити, Челси, Ливерпул и Манчестер
јунајтед исто така биле предупредени дека договор за Халанд ќе значи и
најголемата зделка во историјата на фудбалот досега.