„Рајола и Погба се невиден срам, Манчестер јунајтед мора да се ослободи од играчот“

by
1 минути читање

Мино Рајола синоќа порача дека Пол Погба завршил со Манчестер јунајтед, нема намера да го продолжи договорот, па најдобро е да замине од Олд Трафорд веќе во јануари.

Желбата на Французинот за промена на средината не е ништо ново, но многумина се разочарани од тајмингот на изјавата, вечерва „ѓаволите“ имаат важно гостување кај РБ Лајпциг во Лигата на шампиони каде влогот е продолжување во елитата или елиминација.

„Манчестер јунајтед мора да се ослободи од Погба, ова го зборувам 12 месеци. Господе, па тој е најпреценетиот играч кој сум го видел во животот“ – вели легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.

„Мислам дека Рајола и Погба се невиден срам. Често знаеме да ги обвиниме агентите, но прашајте го Погба што мисли тој?“

„Во денешно време, агентите всушност се многу повеќе од агенти. Тие се родители, најдобри другари, финансиски советници, резервираат одмори, одат секаде заедно со вас“.

„И овие двајца се токму тоа. Тој му е најдобар пријател на Погба, па сигурен сум дека Погба знаел што ќе каже. Доколку не знаел, треба веднаш да му даде отказ на својот агент. Многу е едноставно“.

Зпрашан што е најдобро решение, Карагер вели: „Манчестер јунајтед мора да се ослободи од Погба, да не се залажуваме. Мислам дека Оле и се подготвува за ова, Мектоминеј и Фред со месеци добиваат шанса пред Пол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×