Рајола го демантира Перез: Имате пари, може да си дозволите трансфер на Халанд

by
1 минути читање

Претседателот на
Реал Мадрид, Флорентино Перез, минатата седмица говорејќи за Европската Супер
Лига, која доживеа неверојатен колапс, инсистираше на тоа дека периодот кој
претстои нема да се случат големи трансфери, бидејќи клубовите без Суперлигата
не можат ништо да сторат на таа тема.

Сепак, иако Перез
нагласи дека невозможно е да се случат трансфери како на ѕвезди на Мбапе или
Халанд, контроверзниот фудбалски агент, Мино Рајола, инаку агент на Халанд,
тврди нешто спротивно од зборовите на Перез.

Реал Мадрид може
да си го дозволи Халанд, тие имаат пари да го ангажираат
“ рече Рајола во
изјавата за „АС“, со тоа што го демантираше првиот човек на Флорентино Перез.

Борусија Дортмунд разговара мошне сериозно со нас и постојано нагласува дека нема да го продаде Халанд, но доколку се појави некоја добра понуда, а сите се среќни од истата, ќе ја разгледаме таа ситуација“ додаде Рајола.

Претседателот на
Реал Мадрид по колапсот кој го доживеа Суперлигата рече дека претстојново лето
нема да има големи трансфери поради финансиската криза во фудбалот предизвикана
од пандемијата со коронавирусот.

Генерално, нема
да се случат големи трансфери ова лето, кога парите не се прелеваат од богатите
кон помалите клубови, сите страдаат, невозможно е да реализирате трансфер на
Мбапе или Халанд денеска, ова не важи само за Реал Мадрид, туку општо без
Суперлигата
“ рече Перез. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×