1,2K
Рајола сака да го промени клубот на Халанд, и за таа цел веќе почна турнеја, најпрво ги посети Барселона и Реал Мадрид.
Сепак Борусија Дортмунд сака да го задржи Халанд, а тоа му го кажале и на Рајола.
„Можам да потврдам дека имав разговори со Дортмунд. Спортскиот директор, Михаел Цорк ми кажа јасно дека тие не сакаат да го продадат Ерлинг ова лето“, вели Рајола.
„Го почитувам нивното мислење, но тоа не значи дека автоматски се согласувам“.
„Борусија има јасен став и ние сме океј со тоа. Нема војна меѓу нас и нив, апсолутно нема. Односот со Цорк, Вацке и Кел се уште е добар“.