Офанзивецот на
Наполи, Лоренцо Инсиње ја заврши соработката со контроверзниот агент Мино
Рајола, а Италијанецот продолжи со агенцијата на Винченцо Писакане, која на
својот список фудбалери ги има членот на Интер, Данило Д’Амросио, како и Џенаро Тутино и Амато Сисирети.
Инсиње стана
клиент на Рајола во 2018. година, меѓутоа двоецот имаше несогласувања и
различни ставови околу иднината на фудбалерот, а токму таа причина се наведува
како можна поради прекинот на соработката.
„Горд сум на
фактот што те имаме во нашата агенција, привилегија е да се работи со тебе, ова
е мошне важен ден за нас, капитену, среќни сме што те имаме, среќни што ќе те
претставуваме како фудбалер“ наведе Писакане од „Џ.Е.В. Спорт и Менаџмент“ агенцијата.
Се верува дека 29
годишниот Инсиње посакува да ја продолжи соработката со Наполи, клуб со кого
има договор до 2022. година, од друга страна пак, Рајола настојуваше да му
договори трансфер вон тој клуб, како и секако добро да заработи од таква
зделка.