Фудбалерот на Милан, Тиџани Рајндерс испрати провокација до лутиот градски ривал Интер и порача дека Милано им припаѓа на „росонерите“.
Милан ќе има прилика да се бори за нов трофеј оваа сезона откако со 0-3 го доби реваншот против Интер и обезбеди финале во Купот на Италија.
Тиџани Рајндерс, кој беше еден од стрелците пред два дена на „Меаца“, во разговор со Газета дело Спорт реши да испрати провокација до лутиот градски ривал.
„Милано е „црвено-црно“ бидејќи Интер не можеше да не победи ниту еднаш оваа сезона!“ – вели Холанѓанецот.
„Покажавме што можеме. Последното дерби беше најдоброто од петте кои ги одигравме оваа сезона“.
Парадоксално, Милан е очаен против клубовите од горниот дел на табелата оваа сезона, но „росонерите“ блескаат против актуелниот шампион Интер.
Славеа со 1-2 против Интер во првото градско дерби во Серија А оваа сезона, потоа со чуден пресврт триумфираа со 2-3 во финалето на Суперкупот.
Малку фалеше да ги совладаат и на вториот натпревар во Серија А, Интер се спаси со гол во 93. минута, а 1-1 заврши и пресметката во првиот натпревар во полуфиналето во Купот на Италија.
Со триумфот од 0-3 пред два дена, Милан стави крај на сонот на Интер за тројна круна, и си отвори врата за втор трофеј оваа сезона.