Рафиња и Вини ќе направат голем потег кон Нејмар!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иако првичните информации од Бразил најавуваа дека Нејмар нема да ја добие легендарната „десетка“ за настапот на Светското првенство, ситуацијата во меѓувреме се променила.

Напаѓачот на Бразил во последен момент добил повик од селекторот Карло Анчелоти, а според првичниот план бројот 10 бил наменет за Винисиус Жуниор. Како алтернатива за тој број се споменувал и Рафиња, додека Нејмар требало да настапува со бројот 13.

Сепак, бразилските медиуми откриваат дека Винисиус и Рафиња решиле да му ја препуштат „десетката“ на својот поискусен соиграч како знак на почит кон неговото значење за репрезентацијата.

Така, Нејмар и на овој Мундијал повторно ќе настапува со бројот што со години беше негов заштитен знак во дресот на Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×