Романија искористи повеќе од своите шанси против Македонија и со победа од 3-2 ги почна квалификациите за СП.
Романците е водеа со 2-0, кога во финишот за две минути дадовме два гола и израмнивме на 2-2, сепак тие брзо потоа дојдоа до победата.
„Ова беше трилер меч, мислевме дека лесно ќе го завршиме натпреварот, дека работите одат во наша корист но на крајот добивме куршум во главата, бидејќи за една минута можевме да загубиме се што направивме за 80 минути. Сепак на крајот имавме среќа“, вели романскиот селектор Родои.
„Сакам да му честитам на Горан Пандев, во мојата кариера не сум видел играч кој на таа возраст игра таков фудбал, наоаѓа место, прави простор, ја гради толку добро топката. Честитки за импресивната кариера. Честитки и за Македонија за пласманот на Европското првенство“.