Работнички
обезбеди победа од 3-1 на домашен терен над Пелистер во рамките на 26 коло од
нашиот најсилен домашен фудбалски шампионат, а на полувремето „Романтичарите“
имаа капитална предност од 2-0.
Најпрво Марио
Станковски во 22 минута погоди за почетно водство за домаќинот, за веќе во 36
минута Лука Станковски да зголеми и на 2-0.
Во второто
полувреме домаќинот продолжи во исто темпо, па следеше нов гол, овој пат дело
на Јевтоски во 65 минута, со што се надзираше убедлива победа.
Клучен момент од
средбата на „Тодор Проески“ арената во Скопје беше промашениот пенал на Танушев
во 72 минута, кога фудбалерот на Пелистерци доби две можности да погоди откако
Јанков во првата прилика излезе вон линијата.
Сепак, како во
првиот, така и во вториот обид во низа, голманот на Работнички беше поуспешен
од својот ривал па така домаќинот успеа да ја сочува мрежата во тие моменти, за
во самата завршница од пресметката Кочоски да го ублажи поразот за гостите.
Со оваа победа,
Работнички со 39 бода се наоѓа на четвртото место на табелата, односно со два
бода заостанување зад третопласираната Македонија Ѓ.П., што се однесува пак до
Пелистер, Битолчани со 32 бода се наоѓаат на седмата позиција на табелата.
За утре со
почеток од 13 часот се предвидени следните средби:
Академија Пандев –
Шкупи
Беласица –
Македонија ЃП
Борец – Струга Трим
Љум
Ренова – Шкендија
Силекс – Вардар
Фото-вест: ФК Работнички (Facebook)