Работнички и Шкендија ги поделија бодовите играјќи нерешено 0-0. Домаќините беа за нијанса подоминантни, но не ја искокристија таквата состојба на теренот. Мечот не изобилуваше со шанси.
Ваквиот резултат го искористи Шкупи кој со 1-0 го победи Силекс во Кратово. Голот го постигна Фреди Алварез од пенал на 12 минути пред крајот на мечот.
Академија Пандев под водство на Александар Васоски дојде до првиот триумф откако ја совлада Македонија ЃП со 2-1.
Домаќините поведоа рано, уште во 11. минута со гол на Радески, но по десет минути игра во вториот дел Божиновски изедначи на 1-1. На четири минути до крајот Крстовски погоди за победа од 2-1 и многу важни три бода во битката за опстанок.
Ренова лесно го победи Вардар со убедливи 3-0. Шефити го отвори мечот во 21. минута, а шест минути подоцна Селмани реализираше пенал за 2-0, тогаш црвен картон доби Мартин Величковиќ-Радуловиќ по што црвено-црните повеќе од еден час беа со играч помалку. По десет минути игра во второто полувреме Селмани постигна уште еден гол поставувајќи го конечниот резултат.
Пејаковиќ со гол во 92. минута донесе гостинска победа за Пелистер кај Струга Трим Лум од 1-0. Тоа беше и првиот пораз на тимот на Срѓан Захариевски на домашен терен.
Борец со 2-1 ја победи Беласица која изгледа тешко дека ќе се спаси и покрај ангажманот на Ѓоре Јовановски. Баша и Адили погодија за велешкиот тим, Митевски реализираше за Беласица.
Табела:
1. Шкендија 46
2. Шкупи 40
3. Македонија ЃП 35
4. Струга ТЛ 32
5. Работнички 29
6. Борец 29
7. Вардар 26
8. Пелистер 25
9. Силекс 23
10. Ренова 22
11. Академија Пандев 21
12. Беласица 12