161
Работнички доби ново засилување во своите редови и тоа Флоријан Кадриу кој пристигна од тимот на Шкупи.
Крилниот напаѓач има 29 години и со клубот од Дебар Маало потпиша договор на една година, со опција истиот да биде продолжен уште една сезона.
За Кадриу ова ќе биде втор мандат во дресот на „романтичарите“, откако претходно настапуваше во сезоната 2017/18. Во македонскиот фудбал настапуваше уште за: Ренова, Влазрими и Струга Трим Љум, а беше дел и од странски клубови како: албанските Теута, Тирана и Ерзани, казахстанскиот Атирау и азербејџански Сабаил.