114
Ермедин Адем останува дел од Работнички! Искуствениот играч за врска денеска стави потпис на нов едногодишен договор со тимот од Дебар Маало, со што ќе го носи дресот на „романтичарите“ и во сезоната 2025/26.
Клубот и Адем брзо се договориле за продолжување на соработката, па ветеранот ќе остане клучна фигура во средниот ред на Работнички и ќе биде еден од лидерите на тимот и во наредната сезона.
Адем пристигна во клубот во 2023 година и веднаш се наметна како стандарден првотимец со своите стабилни партии. Во досегашната кариера има настапувано и за Воска Спорт, Македонија ЃП, Ренова, Шкупи, Тетекс, Милано и Слога.