Пујол повика на обединетост и поддршка за Барселона

by
8 минути читање

Поранешниот
дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол испрати јасна порака до навивачите на
клубот од „Камп ноу“, а истите ги повика да го поддржат тимот во овие тешки
времиња за истиот.

Ова не се лесни
времиња, но само доколку сме обединети и го поддржиме тимот ќе биде полесно да
се придвижиме напред, напред Барселона, сега и засекогаш
“ напиша Пујол на
социјалните мрежи.

Поранешниот
капитен на златната ера на клубот пораката ја испраќа во период кога постојат
низа недоречености околу иднината на тренерот Роналд Куман, за кого се верува
дека првиот човек на клубот, Жоан Лапорта подготвува отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани