Публиката се враќа на стадионите по пауза од 14 месеци

by
1 минути читање

По пауза од цели
14 месеци поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, публиката се враќа
на стадионите за време на фудбалските натпревари кои се во самата завршница од
актуелната сезона.

Олабавувањето на
мерките за заштита од ковид-19 донесе можност љубителите на спортот да се
вратат на гледалиштата, меѓутоа тоа ќе се дозволи до 30% од капацитетот на
стадионите, а сите присутни ќе имаат обврска да носат маски на себе.

Претстојниот
викенд се игра последното 33 коло од регуларниот дел од сезоната во првата и
втората македонска фудбалска лига, а на 19 мај е предвидено да се одигра и
финалната пресметка во националниот куп, каде силите ќе ги одмерат Академија
Пандев и Силекс.

Фото-вест: KF Shkendija (Архива, Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани