ПСЖ загриза за еден од „тепачите“ на Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен сериозно е заинтересиран за ангажман на Федерико Валверде и сака да ја искористи нестабилната ситуација во Реал Мадрид за да го убеди Уругваецот да се пресели во Париз.

Француските и шпанските медиуми тврдат дека челниците на ПСЖ веќе воспоставиле контакт со блиски луѓе на Валверде, а клубот верува дека ова е вистински момент за почеток на преговори. Сепак, во Париз се свесни дека евентуалниот трансфер ќе биде исклучително тежок за реализација. Не само поради обештетувањето кое би можело да достигне и 120 милиони евра, туку и затоа што Реал нема намера да се откаже од еден од најважните играчи во тимот.

Според информациите, ситуацијата е многу комплицирана по неодамнешниот инцидент со Орелиен Чуамени, по кој Валверде заврши во болница, а мадридскиот клуб се нашјде под голем медиумски притисок.

Интерес за Уругваецот покажува и Манчестер Сити, но засега нема конкретни преговори меѓу клубовите и целата приказна е во рана фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×