ПСЖ прави страшен тим, со 200 милиони носи две големи засилувања

by bojan
1 минути читање

„Светците“ сакаат да продолжат да доминираат во Европа, па се подготвени да инвестираат 200 милиони евра во ангажман на Ели Крупи и Јан Диоманде.

ПСЖ стана вториот тим по ПСЖ кој успеал да ја одбрани титулата во Лигата на шампиони, но Ал Келаифи и Луис Енрике нема да забават и сакаат да продолжат да доминираат во Франција и Европа.

Па првиот човек на „светците“ и ова лето ќе го одврзе ќесето за да ги исполни желбите на тренерот.

Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид се споменуваше како опција за засилување на нападот, дури и се шпекулираше со трансфер од 150 милиони евра, но се верува дека Аргентинецот веќе има одлучено дека сака само преселба во Барселона.

Па ПСЖ се насочува кон други цели и веќе се почнати преговори за ангажман на Ели Крупи Јуниор од Борнмут, кој беше вистински хит во Премиерлигата изминатава сезона.

Неговата цена е околу 100 милиони евра, а 19 годишниот напаѓач се наоѓа и во бележникот на клубови како Арсенал и Манчестер Сити.

„Светците“ исто така се во преговори и за ангажман на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, кој исто така се проценува на околу 100 милиони евра.

Се говори дека ПСЖ веќе си подал рака со фудбалерот и сега останува само да се пронајде дил и со „биковите“ за условите под кои ќе се реализира зделката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×