ПСЖ му врати мило за драго на Реал Мадрид за трансферот на Мбапе

by bojan
1 минути читање
Реал Мадрид

ПСЖ и Реал се во „војна“ по преселбата на Килијан Мбапе во Мадрид, „светците“ сега подготвуваат мала освета и со „куп пари“ ќе ја украдат Олга Кармона, капитенот на женскиот тим на „кралевите“.

ПСЖ подолго време крои планови како н Реал Мадрид да му врати мило за драго и тоа што „кралевите“ беспари им ја украдоа првата ѕвезда Килијан Мбапе.

Често се шпекулираше за тоа како „светците“ ќе ангажираат некоја ѕвезда на Реал Мадрид од типот на Винисиус Жуниор, Родриго или пак Феде Валверде.

Еден ваков трансфер не е на повидок и тешко дека ќе се оствари во блиска иднина, но ПСЖ е многу блиску до мала освета

Голем број извори пренесуваат дека „светците“ со „куп пари“ ќе ја украдат Олга Кармона, капитенот на женскиот тим на Реал Марид.

КОПЕ обави дека ПСЖ на маса ставил предлог кој е практично невозможен да се одбие, односно долгодишен договор, плата многу поголема од таа што фудбалерката ја заработува во Реал Мадрид како и спортски проект со кој ќе се борат за сите титули во Франција, а ќе и конкурираат и на Барселона во Лигата на шампиони.

Олга Кармона е дел од женскиот тим на Реал Мадрид од неговото формирање пред пет години, до сега има одиграно 182 натпревари (рекорден број) и постигнато 28 погодоци, како и 25 асистенции.

Пред две години, таа го постигна голот со кој женската репрезентација на Шпанија го освои Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани