ПСЖ може да му ги расипе плановите на Арсенал за важен трансфер!

by riste
1 минути читање

Информациите велат дека ПСЖ влегува во трка со Арсенал за крилниот офанзивен играч на Реал Мадрид, Родриго.

Родриго е на излезна врата од Реал Мадрид, тоа почна да се чувствува во финишот од минатата сезона, а со доаѓањето на Чаби Алонсо работите за Бразилецот не се променија.

На Светското клупско првенство тој доби нормална минутажа само на првиот натпревар, потоа едноставно исчезна и не се изнаигра. Нешто што сугерира дека Алонсо нема да смета на него, а Реал би го продал ако ја добие бараната сума.

Како сериозно заинтересиран за Родриго се споменуваше Арсенал, наводно Артета сака да го донесе Бразилецот во своите редови и покрај тоа што Сака игра на истата страна.

Реал Мадрид го проценува Родриго на 80 милиони евра, а последните информации велат дека во трката се приклучува и ПСЖ.

ПСЖ има голема финансиска моќ, сопствениците се добро расположени по освоената Лига на шампиони и со задоволство ќе му исполнат некоја од трансфер желбите на Луис Енрике. Дали тоа ќе биде Родриго, останува да се види. Работите ќе зависат и од желбата на фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×