334
Килијан Мбапе ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, се верува дека нема да ја продолжи соработката и ќе се пресели во Реал Мадрид.
Па „светците“ ќе треба да донесат соодветна замена и наследникот на Килијан Мбапе ќе го побараат во Манчестер јунајтед.
Една опција е ангажман на Кристијано Роналдо, кој не е среќен на Олд Трафорд и го повика својот агент Жорж Мендеш на разговори.
Како алтернатива се посочува Маркус Рашфорд. Новинарот Пол Хирст вели дека Маурисио Покетино е голем фан на Англичанецот и бил негова прва желба кога минатото лето постоеше можност Килијан Мбапе да направи трансфер во Реал Мадрид.